Дома Македонски спорт Тажна вест: Почина човекот кој постигна 57 поени на кошаркарски натпревар во Македонија

Тажна вест: Почина човекот кој постигна 57 поени на кошаркарски натпревар во Македонија

Во 85. година од животот, почина Мирољуб Лалевски – Нини

Личната спортска биографија почна да ја пишува уште во 1952 година, како „пионер“ во древната „Соколана“ во Друштвото за телесно воспитување „Партизан“, во секцијата за кошарка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Својот прв официјален настап го има во 16.година, секако, со другарите од „Соколана“, како Мице, Пачко, Чедомир Глигориевски, Лали, Мите-Шуга, и другите „пајташи“, односно „мајстори на својот занает“ на паркетот.

За паметење е неговиот настап против скопски „Трговски“ кому му уфрли дури 57. кошеви, еден од рекордите во македонската клупска кошарка.

Во 1962 година, играчката ја замени со судиска кариера. Почетокот беше во Втората сојузна лига, а не помина многу време од неговото „деби“ во најсилната, Прва „А“ лига на Југославија.

Во богатата спортска кариера, беше играч, тренер, судија, технички раководител, возобнувач на клубот од Куманово по повеќегодишна  пауза. Беше и претседател на клубот, спортски директор, советник…

А ако треба некому да се додели „златна свирка“ за животно дело, афирмација на кумановската, македонската кошарка, во половина век, тогаш таа оди кај нашиот, кај легендарниот „Чичко Нини“!

Погребот на Мирољуб Лалевски-Нини ќе биде во сабота, од 14.часот, на градските гробишта во Куманово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …