На денот на одигрувањето вечершното дерби во Лигата на шампионите против Ливерпул, актуелниот европски шампион Реал Мадрид го погоди тажна вест.
Имено, на 83-годишна возраст почина Амансио Амаро кој за „кралевите“ настапуваше од 1962 до 1976 година и одигра 344 натпревари во најсилното шпанско првенство.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Носејќи го дресот на гигантот од Мадирд освои и девет шампионски титули, а еднаш се искачи на тронот на Европа, шпанскиот куп го освојаше трипати.
По завршувањето на играчката кариера, кратко, една година беше претседател на „кралевите“ (од 1984 до 1985) година. Во 2022 година клубот му оддаде големо признание признавајќи го како почесен претседател.
Comunicado Oficial: fallecimiento de Amancio Amaro, presidente de honor del Real Madrid.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 21, 2023