Дома Фудбал Италија Суспензијата се исплатела: Наинголан денес позитивно ги изненадил сите во Интер

Суспензијата се исплатела: Наинголан денес позитивно ги изненадил сите во Интер

Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан вчера беше суспендиран од страна на Интер поради кршење на дисциплинскиот правилник.

Во Интер најмалку што посакуваат е нарушување на атмосферата, па одлучија да го казнат Наинголан поради доцнењето на тренингот. Освен суспензијата за дербито против Наполи, Наинголан беше казнет и со 100.000 евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој потег на Интер изгледа вродил со плод бидејќи ако им веруваме на италијанските медиуми Наинголан денес на тренингот на Интер се појавил 15 минути пред сите останати играчи.

Фудбалерот изгледа сфатил дека не може да се однесува како што тој сака, па го поправил своето однесување, а можеби неговиот ваков потег е показател дека работите ќе одат во добар правец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…