Дома Фудбал „Суарез постигна 350 голови и Барселона го избрка, тоа е неверојатно“

„Суарез постигна 350 голови и Барселона го избрка, тоа е неверојатно“

Тешко дека некој во Каталонија тоа ќе го каже, но Барселона сезонава изгледа нема да биде сериозен конкурент за борбата за титулата во Шпанија. Клубот од „Ноу Камп“ поминува низ една од поголемите организациони кризи во својата историјата.

Се зборува за лошото работење, големите долгови, лошите кадровски решенија, ситуацијата околу Меси…Ништо не најавува добра сезона за Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На оваа тема зборуваше Антонио Касано во разговор со Кристијан Виери.

„За Суарез зборуваат дека е стар? За мене е лудост што го пуштија да замине. За шест години тој постигна 350 голови, не разбирам зошто го отфрлија. И сега мораат да играат со Гризман во шпицот. Просто неверојатно“.

Зборуваше и за Меси.

„За мене Меси е пред Марадона. Погледнете го бројот на голови…Да Меси, секогаш играл со одлични напаѓачи, но никогаш со него Аргентина немала добри дефанзивци и голмани“, смета Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…