Aтлетико Мадрид во неделата успеа да ја освои титулата во Шпанија, а еден од најважните играчи беше напаѓачот Луис Суарез.
Уругваецот во редовите на Атлетико пристигна пред почетокот на оваа сезона и во Атлетико Суарез постигна 21 гол и беше убедливо најдобар стрелец за овој тим.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Суарез сега откри дека тогашниот претседател Хозе Марија Бартомеу најмногу инсистирал тој да замине.
„Куман ми кажа дека ако за брзо не ја напуштам Барселона ќе смета на мене за натпреварот со Виљареал. Сосема е јасно дека одлката за моето заминвање дојде од раководството. Тогаш ми стана јасно дека Куман е човек без карактер, прво ми кажа дека не смета на мене, а после дека ќе бидам во тимот ако не заминам. Ниту Куман, ниту Бартомеу, ниту било кој од поранешната управа на Барселона не ми честиташе за титулата. Меѓутоа јас им спремив мала фотографија која им ја испратив“, изјави Суарез.
Шпанските медиуми објавија дека Суарез на Куман и Бартомеу им испратил фотографија со пехарот од Ла Лига.