Дома Видео Суарез намерно го удри играчот на Алвес

Суарез намерно го удри играчот на Алвес

Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на Алвес во рамките на 21. коло во шпанската Ла Лига.

Алвес имаше предност од 1:0, но Барселона во последните 20 минути успеа да дојде до пресврт. Прво на 1:1 изедначи Луис Суарез по асистенција на Иниеста, а конечниот пресврт на Барса го донесе Лео Меси со гол од слободен удар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, натпреварот го одбележа голем број на судиски грешки на сметка на Алвес. Исто така, во центарот на вниманието повторно се најде Суарез откако намерно го удри дефанзивецот на гостите Рубен .

После тоа уругвајскиот напаѓач се обидуваше да објасни дека случајно го удрил, но на снимката јасно се гледа дека случајност во оваа ситуација не смее да биде изговор. Шпанските медиуми пренесуваат дека Ла Лига би требало драстично да го казни напаѓачот на Барселона поради ударање на противнички фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

По Де Брујне, „Граѓаните“ се откажуваат од уште една легенда!?

На крајот од сезоната му истекува договорот, а нова соработка, според Британците, нема да …