Дома Фудбал Лига на шампиони Суарез: Изгледавме како деца!

Суарез: Изгледавме како деца!

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше самокритичен после дебаклот кој го доживеа неговиот тим синоќа на „Енфилд“.

Уругваецот го одбрани тренерот Ернесто Валверде и изјави дека е недопустливо играчите да примат „наивен“ гол како четвртиот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Треба да бидеме спремни на сите критики кои сега ќе ги има за нас. Многу сме тажни, разочарувањето е големо. Изгледавме како деца при четвртиот гол“, истакна Суарез.

„Ние сме тие кои играат на теренот. Тренерот ја извади истата тактика како и во првио меч. Треба да се извиниме за начинот на кој игравме и за тоа како изгледавме на теренот. Треба да бидеме самокритични, бидејќи истото ни се случува втор пат по ред. Не може да правиме исти грешки две години, за тоа треба да размислиме добро“, изјави Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аргентински стопер го засили Вардар!

Во текот на подготовките кои фудбалерите ги одработуваат во базата во Раденци во Словенија…