Дома Фудбал Суарез во криза каква не памети од доаѓањето на „Камп Ноу“, Варверде задоволен!

Суарез во криза каква не памети од доаѓањето на „Камп Ноу“, Варверде задоволен!

Барселона во 11-то коло од Примера ја победи Севиља на „Камп Ноу“ и така стигна до 31 бод оваа сезона. Само два испуштени бода во 11 натпревари е учинок кој Барса го имала само во две сезонаи 2012/13 и 2013/14.

Интересно, во првата сезона ја освоија титулата, во во втората завршија позади Атлетико Мадрид!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Херој за Каталонците овој пат беше Пако Алкасер кој постигна два гола, а кризата на Луис Суарез продолжува, па Уругваецот нема постигнато гол на „Камп Ноу“ цели 393 минути.

Суарез оваа сезона постигна гол на домашен терен против Еспањол, додека на гости беше стрелец против Џирона и Атлетико. Сепак, тренерот Ернесто Валверде за Уругваецот има само пофални зборови.

„Задоволен сум со Суарез и неговата работа. Не дава голови, но создава шанси. Денес Алкасер беше тој кој ни донесе се што беше потребно, одигра многу добро“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нов спортски директор

Јувентус веќе долго време бара нов спортски директор по неуспехот со Кристијано Ѓунтоли. Н…