Премиерлигашот Стоук соопшти дека постигнал договор за трансфер на Кевин Вимер од Тотенхем за сума од 18 милиони фунти.
Вимер од почетокот на сезоната не беше во плановите на менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, поради што реши кариерата да ја продолжи на стадионот „Британија“.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Дефанзивецот со Стоук потпиша петгодишен договор и сигурно ќе биде големо засилување за тимот.
Вимер е четвртото засилување за Стоук во летниот преоден рок, пред него договори со клубот потпишаа Вилфред Зума, Хесе Родригез и Чупо Мотинг.