Дома Трансфер зона Стоперот на Севиља на лето се сели на „Камп Ноу“?

Стоперот на Севиља на лето се сели на „Камп Ноу“?

Еден од играчите кои беа откритие во Лигата на Шампионите оваа сезона, стоперот на Севиља, Клеман Ленгле најверојатно ќе го облече дресот на Барса.

Каталонците се воодушевени од игрите на 22-годишниот стопер на Севиља, кој особено одлично одигра во двомечот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите и не им е проблем да му ја платат откупната клаузула, која изнесува 45 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дека Ленгле со една нога е веќе во Барселона, потврди и тренерот на Севиља, Монтела.

„Тој е шампион, има силен карактер и во иднина дефинитивно може да игра за Барселона“, изјави Монтела.

Ленгле во одбраната на Барса би можел да го замени Самуел Умтити, кој е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…