Дома Топ вести Стигнуваат потврди од Франција и Бразил: ПСЖ го обезбеди првото летно засилување!

Стигнуваат потврди од Франција и Бразил: ПСЖ го обезбеди првото летно засилување!

Познатата Бразилска новинарка, Изабела тврди дека знае кој фудбалер ќе биде првото засилување за Пари Сен Жермен во новата сезона.

Според нејзините информации играчот за врска на ривалот на ПСЖ од француското првенство, Монако, Фабињо на стартот на преодниот рок ќе го реализира својот трансфер во Париз.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Знам дека Фабињо минатото лето силно сакаше да премине во Париз и дека се надеваше до последниот моменти од трансфер периодот. Беше разочаран кога работата пропадна, но од доверливи извори знам дека луѓето од ПСЖ останаа во контакт и дека трансферот ќе се реализира ова лето“, гласеше пораката на Изабела.

Покрај најавата на оваа новинарка од Бразил денес се појавија и слични информации во познатиот медиум „Канал+“ кој објави дека Фабињо е блиску до трансфер во ПСЖ.

Бразилецот се очекува да биде првото летно засилување за „светците“ и замена за Тијаго Мота на кого договорот му истекува во јуни. Останува да видиме колку „светците“ ќе платат за неговиот трансфер, но нема сомневање дека сумата ќе биде голема поради неговиот договор со Монако кој го врзува до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…