Дома Фудбал Италија Стигна потврда: Серија А се враќа на 13-ти јуни

Стигна потврда: Серија А се враќа на 13-ти јуни

Шампионатот во Серија „А“ ќе се врати на 13 јуни, официјално објави италијанската фудбалска лига.

Од следниот понеделник тимовите ќе можат да тренираат, бидејќи во моментов се дозволени само индивидуални тренинзи.

Управата на Серија А донесе одлука сезоната да продолжи на 13 јуни и сега се чекаше само зелено светло од владата. Сега претседателот на Националниот комитет за спорт, Џовани Малаго потврди дека Серија А ќе продолжи на тој датум.

„Серија А ќе продолжи на 13-ти јуни, тоа е сигурно 99,99%. Сепак, во моментов е тешко да се предвиди кога ќе заврши сезоната“, потврди Малаго.

Натпреварите ќе се играат со посебен протокол и без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …