Дома Фудбал Италија Стигна потврда од соблекувалната: Во Интер владее вистински хаос!

Стигна потврда од соблекувалната: Во Интер владее вистински хаос!

Интер игра уште една катастрофална сезона во која можеби нема да избори ниту настап во Лигата на Европа.

Роберто Галијардини во текот на зимскиот преоден род пристигна во Интер и иако не беше омилен помеѓу навивачите поради тоа што присуствуваше на натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона на „Јувентус арената“ тој е едно од ретките засилувања кое им се исплатеше на „нероаѕурите“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Галијардини е една од ретките светли точки во италијанскиот клуб, но во медиумите се појави негов разговор со помошникот на Гасперини, Тулио Грити, од Аталанта во кој тој се жали дека не видел ништо полошо од соблекувалната на Интер.

„Сите се поделени во некои фракции, играчите не се сакаат, секој оди против секого. Нема заедништво, нема никаков авторитет, организацијата е на најниско ниво. Никој не може да ја контролира ситуацијата, ниту тренерот, ниту капитенот, ниту сопствениците, едноставно не постои никаков авторитет“, зборувал Галијардини.

Па доколку се прашувавте зошто вакви резултати, можеби ова е одговорот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите на Лацио шокирани од условите кои ги дочекаа на натпреварот во Лига Европа (Видео)

Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа се играат овој четврток, а еден на…