Дома Топ вести Стигна одговорот од Манчестер: Сити му бара размена на Јувентус за Сане!

Стигна одговорот од Манчестер: Сити му бара размена на Јувентус за Сане!

Во медиумите на Апенините неодамна се појави информација дека Андреа Ањели после Роналдо сака во тимот да донесе и млада ѕвезда како потенцијална мета се споменува Лерој Сане.

Нема сомневање дека Сане е фантастичен играч, па поради потенцијалнот кој го поседува Јувентус за неговите услуги веројатно би требало да плати сума од околу 150 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ќе потсетиме Сане стигна во Сити за 34 милиони евра и минатата сезона ја освои наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата.

Сега неколку дена откако се појави веста за Сане следуваше одговор од Манчестер. Сане може во Торино, но само ако во синиот дел на Манчестер се пристигне Паоло Дибала!

Во овој момент не изгледа реално Јувентус да дозволи такво нешто.

Аргентинецот пристигна во Јувентус во 2015 година, а клубот од Торино за неговите услуги на Палермо му плати 32 милиони евра, плус бонуси.

Дибала одигра 144 натпревари за Јувентус и успеа да постигне 68 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…