Дома Фудбал Англија Старт и веќе проблем за Жозе: Јунајтед отвара со „резерви“?

Старт и веќе проблем за Жозе: Јунајтед отвара со „резерви“?

mourinho

Играчите на Манчестер Јунајтед во раните утрински часови се вратија во Манчестер по многу лошата одработена предсезона, но за Мурињо вистинските проблеми допрва ќе дојдат. Поради повреди и неподготвеност за сезоната ќе ја отвори со резерви.

Манчестер Јунајтед имаше многу лоша предсезона. Најпрво против Клуб Америка одираа 1:1, а потоа два дена подоцна во уште еден лош натпревар одиграа без голови со Сан Хозе. По слабите американски противници, за „Црвените ѓаволи“ следеа малку посериозно предизвици, каде што исто така не се покажаа во добро светло.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


За почеток одиграа нерешено со Милан, а потоа следуваше дебакалот против Ливерпул, каде што избраниците на Клоп ги победија со 4:1. Сепак, Јунајтед се опорави од катастрофата и славеше против Реал со 2:1, но потоа следуваше новиот, минимален пораз од Баерл (1:0) за крај на предсезоната. Мурињо по натпреварот беше многу разочаран, а тоа можеше да се примети во неговата изјава.

„Конечно е готово. Конечно оваа тешка предсезона заврши“, изјави Португалецот, но за него вистинската главоболка допрва доаѓа.

Во петок Јунајтед и Лестер ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата, а пред Мурињо е голем проблем, бидејќи некои од најважните играчи нема да бидат подготвени за овој натпревар. Ова најмногу важи за Погба кој доби нешто подолг одмор, бидејќи со Франција го освои Светското првенство, а освен Погба, дури во понеделник на тренинг ќе се вратат Лукаку и Фелаини од Белгија и Линдард и Јанг од Англија.

Како сето ова да не е доволно, во последниот подготвителен натпревар се повредија Бејли и Ерера, а од претходно се повредени Матиќ и Валенсија. Ова се доволно факти дека Мурињо новата сезона ќе ја отвори со многу ослабен состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…