Дома Фудбал Англија Стартот на Премиер лигата се поблиску, а Мурињо се повеќе се – жали

Стартот на Премиер лигата се поблиску, а Мурињо се повеќе се – жали

Жозе Мурињо не е задоволен од поддршката на клубот на трансфер пазарот и смета дека со ваков Јунајтед, навивачите не можат да се надеваат на титула.

Мурињо има три дена до крајот на преодниот рок (во Англија завршува на 9-ти август), а во петок веќе ја започнува сезоната во Премиер лигата. До овој момент Јунајтед се засили со искусниот голман Франт, играчот за врска Фред и одбранбениот играч Далот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Директорот знае што сакам, има уште неколку дена и ќе видиме што ќе се случи. Другите клубови кои ни се конкуренти веќе имаат силни тимови. Вложуваат навистина многу, тука е Ливерпул и кој купува се и сешто. Ако не се засилиме, сезоната ќе биде тешка“, изјави Мурињо.

На споменатите три засилувања Јунајтед издвои околу 84 милиони евра, но на Мурињо под итно му е потребен стопер, а Португалецот сака и едно големо име во офанзивната линија. Време има се помалку и во клубот мораат брзо да реагираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го пушта Зинченко без пари

Одбранбениот играч на Арсенал Олександар Зинченко може да го напушти клубот како слободен …