Дома Трансфер зона Стариџ си заминува од „Енфлид“, но останува во Премиер лигата

Стариџ си заминува од „Енфлид“, но останува во Премиер лигата

Напаѓачот Даниел Стариџ најверојатно ќе ги напушти редовите на Ливерпул во јануари.

Интерес за 28-годишниот напаѓач покажа екипата на Саутемптон, која би сакала Стариџ да го види на позајмица до крајот на сезоната. Ливерпул најверојатно нема да прави проблем во овој случај. „Црвените“ имаат одлична соработка со „Светците“, а пред неколку дена од нив го купија дефанзивецот Вергилиј ван Дијк за 75 милиони фунти.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Саутемптон е во потрага за квалитетен напаѓач. На тренерот, Маурисио Пелегрино прв избор е Стариџ и наскоро ќе пристигне понуда за позајмица на „Енфилд“, Одличниот напаѓач изминативе години имаше доста проблеми со повредите. Од доаѓањето од Челзи 2013. година настапи на 133 натпревари за Ливерпул и постигна 64 гола.

Оваа сезона настапи во девет натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид спремен да го продаде Чуамени

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат ме…