
Италијанскиот тренер, Марчело Липи од јануари повеќе нема да биде селектор на кинеската репрезентација
Липи во Кина добива 23 милиони евра годишно и тоа го прави најплатениот селектор во светот, но изгледа дојде време кога стратегот кој има веќе 70 години сака повеќе време да посвети на семејството.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Човекот кој во 2006 година ја освои светската титула со Италија не успеа Кина да ја одведе на едно Светско првенство, но од кога е тој селектор селекцијата напредуваше од 84-тата на 75-тото место на ФИФА ранг листата.
Липи освен светската титула, со Јувентус во 1996 година освои европска круна, додека во Кина освои три титули во превенството со Гвангажу Евергранде.