Еден од најголемите голмани во историјата веројатно ја игра својата последна сезона, а Јувентус размислува за негов наследник.
Сите очекувања се Буфон да се повлече по завршувањето на актуелната сезона. Јуве ова лето го доведе Шчесни од Арсенал, како некој кој би можел да го наследи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, прашањето е дали Шчесни е спремен да биде прв голман на Јувентус?
Имено, Јувентус како и сите европски клубови ја следат ситуацијата со Јан Облак голманот на Атлетико Мадрид кој одби да го продолжи договорот со „јорганџиите“.
На Словенецот од договорот со Атлетико му остануваат уште три години, клазулата изнесува 100 милиони евра, но од друга страна не е тајна и дека тој би сакал трансфер во поголем клуб, можеби не следното лето, но секако во наредните неколку сезони.
Списокот е долг, Јувентус се надева дека би можел да дојде до потписот на Словенецот кој би бил решение за подолг период, но познавајќи ја трансфер политиката на италијанскиот гигант, во овие моменти тешко е да се верува дека би ја платиле калзулата. Се очекува „старата дама“ да понуди сума од околу 60 милиони евра и одреден играч.