Дома Фудбал Италија „Стакленото“ засилување на Рома пак се повреди

„Стакленото“ засилување на Рома пак се повреди

Младиот напаѓач Патрик Шик минатото лето пристигна во Рома како големо засилување, но го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шик неодамна конечно се опорави и почна да игра, но многу брзо стигнаа нови проблеми за младиот чешки репрезентативец. 22-годишниот напаѓач го пропушти синоќешниот меч против Сампдрорија, а од Рома потврдија дека станува збор за повреда.

Шик денес направи дополнителни прегледи и утврдено е дека станува збор за сериозна повреда, поради која ќе мора да паузира еден месец и ќе ги пропушти наредните четири меча.

Шик нема да биде во конкуренција за мечевите со Верона, Беневенто и Удинезе во Серија А, како и првиот натпревар против Шахтјор во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија или Шпанија ќе имаат дури девет клуба во УЕФА-натпреварувањата

Во финалето на Конференциската лига вечерва со почеток во 21:00 часот на Ред Бул Арената в…