Дома Фудбал Останато Срушен рекордот на Реал Мадрид: Се одигра најкраткиот натпревар во историјата

Срушен рекордот на Реал Мадрид: Се одигра најкраткиот натпревар во историјата

Една чудна ситуација беше видена во Холандија во натпреварот на петолигашите Де Шутерс и ТПО.

Фудбалските натпревари вообичаено траат 90 минути, плус судиското продолжение, но играчите на Де Шутерс и ТПО на теренот поминаа само пет секунди што е и нов светски рекорд кој ќе биде потврден откако ќе се потврди резултатот од натпреварот и конечната одлука на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гостите на овој натпревар дојдоа со седум фудбалери, вклучувајќи го и тренерот Тијс Ван Брагт кој беше во улога на играч на теренот. Токму тој уште во петтата секунда се „здоби со пвореда“ па судијата означи крај на натпреварот затоа што е познато дека една екипа мора да има најмалку седум фуфбалери за натпреварот да може да се одигра.

„Не разбирам зошто ова го правите. Можевте едноставно да не дојдете и да добиете казна. Вака не измамивте нас и нашите навивачи“, изјави разочараниот тренер на Де Шутерс, Јохан Сулкерс.

„Секако дека ја разбирам фрустрацијата во противничкиот тим, но ние сме мал клуб и мораме во главно да се потпираме на волонтери. Во таква ситуација навистина не можеме да си дозволиме таква казна“, одговори тренер-играот од противничкиот табор, Ван Брагт.

Сега постои можност натпреварот да се официјализира со конечен резултат 0:0 и тоа воедно би бил најкраткиот фудбалски натпревар во историјата. Рекордот до сега го држеа Реал Мадрид и Реал Сосиедад кој во сезоната 2004/2005 одиграа натпревар кој траеше осум минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …