Дома Останати Српски судија суспендиран на 10 години

Српски судија суспендиран на 10 години

Aпелациониот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за исфрлување на судијата Срѓан Обрадовиќ од фудбалот во наредните 10 години.

На поранешниот арбитар од Јагодина му е изречена „забрана за вршење на дејноста судии и сите други дејности во Фудбалскиот сојуз на Србија“. Апелацијата практично ја потврди пресудата на судот во Нови Сад од 26. март на кој на Обрадовиќ истовремено му е одредена и казна затвор од 15 месеци.

На Обрадовиќ му се судеше за злоупотреба на судиската позиција во 2018 година на натпреварот помеѓу Суботица и Раднички Ниш кој заврши со резултат 2:0. По натпреварот Обрадовиќ беше уапсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Дали е ова најдоброто забивање сезонава?🎥

Иако со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции, Леброн Џејмс беше лидерот кој во секоја смисла Л…