Ѕвездата на Челзи и на српската репрезентација, Немања Матиќ од фудбалскиот клуб од своето родно место, доби невообичаен подарок, реставрирана „Фолксваген Буба кабриолет“.
Фудбалскиот клуб Врело Спорт од Уб, клуб кој се натпреварува во седмиот ранг на српскиот фудбал, решил на Матиќ со ваков подарок да му се заблагодари за сè што прави за клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играчите на клубот, кои го реставрирале автомобилот, ја искористиле можноста на Матиќ да му го врачат подарокот додека тој се наоѓа на подготвките со репрезентацијата за квалификацискиот натпревар со Велс.
ФК Врело Спорт своите натпревари ги игра на стадионот во спортскиот центар кој го носи името на Немања Матиќ.