Репрезентацијата на Србија одигра фантастичен натпревар и ја прегази Канада со 95:86 во полуфиналето на Мундобаскетот 2023.
Од самиот почеток на натпреварот беше очигледно дека избраниците на Светислав Пешиќ предводени од Богдан Богдановиќ се одлучни да продолжат со доминацијата на СП.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата четвртина Србија ја доби со 23:15, а на паузата имаа одлична предност од 52:39.
Не се промени ситуацијата на теренот ниту во второто полувреме, во еден момент Србија имаше и 17 поени предност. До крајот Канаѓаните успеаа само да го ублажат поразот не и да направат нешто повеќе.
Во финалето Србија ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу САД и Германија.