Дома Фудбал Италија Спремете се за уште посилен Јуве

Спремете се за уште посилен Јуве

Торински Јувентус веќе со години доминира во италијанскиот фудбал. Старата дама освои седум титули по ред во Серија А, а како тргна во новата сезона тешко дека и оваа година некој може да им застане на патот.

Сепак, целта на Бјанконерите е освојување на ЛШ на која чекаат од 1996. година, а раководството на овој тим размислува за дополнителни засилувања во овој поход.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова лето донесоа неколку засилувања меѓу кои и Роналдо, а веќе во следниот преоден рок посакуваат уште неколку големи имиња.

Како што наведува Калчомеркато, првата желба на торинскиот тим е фудбалерот на мадридски Реал, Иско. Тренерот Алегри веќе разговарал со челниците на тимот и им соопштил дека за наредното лето прва желба му е Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал по дербито ги „запали“ социјалните мрежи: Една реченица по мечот ги крена сите на нозе

Барселона победи во каталонското дерби, но после натпреварот најмногу се зборува за порака…