Изминатиот викенд заврши уште една сезона во англиската Премиер лига, а Манчестер Сити усепа да стане првиот тим кој го одбранил тронот во ова натпреварување после Манчестер Јунајтед.
Сезонава во Премиер лигата дефинитивно ќе се памети по големата трка за титулата која ја водеа Манчестер Сити и Ливерпул. На крајот одлучија некои детали, а Манчестер Сити се израдува на трофејот. Неверојатно е тоа што на Ливерпул не му беа довлни ниту 97 бодови, „граѓаните“ освоија еден повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема борба се водеше и за местата кои водат во Лигата на шампионите, а на крајот во топ 4 покрај Сити и Ливерпул се Челзи и Тотенхем. Арсенал и Манчестер Јунајтед преку Премиер лигата не обезбедија место во најелитното европско натпреварување. Арсенал има прилика да игра во ЛШ ако го победи Челзи во финалето од Лигата на Европа.
Во текот на сезоната често пати се појавуваа предвидувања на супер компјутерот на „токспорт“.
Едно од предвидувањата беше направено пред стартот на сезоната, а сега е направена споредба со конечната табела. Може да се каже и дека добро си ја завршил работата, со оглед дека ги погоди првопласираниот и второпласираниот тим, а освен тоа дури кај 11 тимови промаши за само едно или две места (погоре или подоле), на пет тима им ги погоди точните позиции.
Поголеми промашувања направи само со прогнозата за Вулверхемпто и Фулам.