Екипата на Севиља е првиот финалист во Лига Европа откако со 2-1 го совладаа Манчестер Јунајтед во натпревар одигран на неутрален терен.
Иако „Ѓаволите“ први поведоа со голот од пенал на Фернандеш во 9 минута, сепак фудбалерите на Севиља со голот на Сусо во 26 минута го вратија резултатот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот на второто полувреме вистинска канонада врз голот на Боно.
Десетина минути се редеа шансите на Јунајтед како на филмска лента, се изнапромашуваа и Гринвуд, и Марсијал, а голманот на Андалузијците и одбранбените играчи беа на висината на задачата.
Казната за сите промашувања на Јунајтед стигна преку нововлезениот Де Јонг, во 78 минута, по одлично нафрлената топка од десна страна од Хесус Навас.
До крајот на мечот, „Ѓаволите“ притиснаа кон голот на противникот, но без вистинска прилика за промена на резултатот.
Ова за Севилја е шесто финале во Лига Европа или претходно Куп на УЕФА, а последното го играше против Ливерпул во 2016-та.
Севиља својот противник во финалето на ЛЕ ќе го дознае утре по натпреварот меѓу Интер и Шахтјор Доњецк.