Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Специјален третман: Роналдо на Мундијалот ќе го обезбедуваат специјалци!

Специјален третман: Роналдо на Мундијалот ќе го обезбедуваат специјалци!

ИСИС се закани дека ќе ги убие Роналдо и Меси за време на Мундијалот во Русија. Сепак, тешко дека ќе им успее планот, особено кога станува збор за првата ѕвезда на Португалија.

Роналдо не сакаше ништо да препушти на случајност, па него лично ќе го обезбедуваат двајца специјалци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Станува збор за познатиот ММА борец Гонсало Салгардо и поранешниот специјалец во португалската војска Нуно Марекос.

Двајцата цело време ќе бидат покрај Кристиано Роналдо додека трае Мундијалот.

„Даваме се од себе да си помогнеме еден на друг“, изјави Нуно за својот однос со Роналдо.

Секако, за време на Мундијалот организаторите ќе имаат и официјално обезбедување за сите репрезентации и фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Инфантино: Светското клупско првенство е успешно, имаме 2 милијарди долари профит

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека Све…