Дома Фудбал Италија Спалети: Елмас е сјајот во моите очи, може да реши натпревар и ако игра десет минути

Спалети: Елмас е сјајот во моите очи, може да реши натпревар и ако игра десет минути

Се очекуваше Елмас сезонава да игра повеќе во Наполи, но кај Спалети засега предност има Грузиецот Квича Кварацкелија.

Но, во последните натпревари пред паузата за Мундијалот Елмас доби шанса поради повредата на Грузиецот и таа прилика и тоа како знаеше да ја искористи.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во овој момент Наполи е на подготовки во Турција, а новинарите го запрашаа Спалети за ситуацијата со Елмас. Елмас е посебно интересен за турските новинари затоа што го носеше дресот на Фенербахче.

И во оваа изјава за Елмас Спалети не штедеше комплименти за македонскиот „дијамант“.

„Без разлика дали игра или не, тој е сјајот во моите очи. Станува збор зао длично момче кое може да игра на било која позиција. Фудбалер е кој сака да работи и да биде се подобар и подобар. Може да реши натпревар и ако игра десет минути. Трча, притиска, прима топка…“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…