Дома Трансфер зона Со доаѓањето на Пиоли дефанзивецот на Милан се сели во Премиер лигата!?

Со доаѓањето на Пиоли дефанзивецот на Милан се сели во Премиер лигата!?

Кратката ера на Џампаоло е завршена, Милан го превзеде искусниот Стефано Пиоли кој во својата кариера водеше многу клубови од Серија А.

Денеска го обработи и првиот тренинг, покрај промената на тренерот, навивачите на Милан можат да се радуваат и на враќањето на Калдара. Едно од звучните засилувања на Милан е и Тео Ернандез кој пристигна од Реал Мадрид и веќе започна да ги освојува срцата на навивачите на Милан. Ова би можело да значи и раскинување на соработката со Родригез, Швајцарецот настапи на четири натпревари во Серија А.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За дефанзивецот се интересира Евертон кој со трансферот на поранешниот фудбалер на Волфсбург сака да ја зголеми конкуренцијата, меѓутоа прво треба да се види дали Силва ќе остане на таа функција до јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…