Дома Топ вести Сосема е можно да не сте слушнале за него до ова ЕП. Моментално е најдобар стрелец

Сосема е можно да не сте слушнале за него до ова ЕП. Моментално е најдобар стрелец

Заврши групната фаза на ЕП и познати се сите двојки од осминафиналето. Познат е и најдобриот стрелец на воведниот дел на Европското првенство, а сосема е можно повеќето што го следат натпреварувањето да немаат ни слушнато за него.

Најмногу голови во групната фаза постигна Ѓоргес Микаутидѕе, играч чија вредност Трансфермаркт ја проценува на 15 милиони евра.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Станува збор за 23-годишен репрезентативец на Грузија, екипата која е едно од најпријатните изненадувања на турнирот во Германија. И не само што е најдобар стрелец во групната фаза со три гола, туку на тој учинок додаде и една асистенција, па тој е и играчот кој ја имаше најдобрата комбинирана статистика за учество во голови во првата фаза од турнирот.

За Грузија одигра вкупно 28 натпревари и постигна 13 гола. На ова ЕП беше стрелец на сите три натпревари досега. Погоди против Турција (1:3), Чешка (1:1) и Португалија (2:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат е договор: Вардар доби нов сопственик!

Македонскиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар од вечерва има нови сопственици, потврдуваа…