Серхио Ромеро остана во Манчестер Јунајтед откако во завршницата од преодниот рок му пропадна трансферот во Евертон.
Аргентинскиот голман не е среќен во Јунајтед во кој е пет години и за кој собра само седум настапи во Премиер лигата. По завршувањето на преодниот рок се огласи неговата сопруга, Елиана Гуересио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Серхио напорно работеше за клубот. Последниот трофеј кој го освоија го освоија со него на голот. Минатата сезона го одведе тимот до полуфиналето во Лигата на Европа, а потоа го ставија на клупа и испаднаа. Сегаа имаа прилика да му се одолжат и да го пуштат да замине, не го заслужи ова“, разочарано коментираше сопругата на голманот.
За „Скај“ со интересен коментар нејзината лутина ја прокоментира Хари Реднап.
„Сигурен сум дека ќе биде среќна кога ќе добие 100.000 фунти неделно“.