Дома Фудбал Останато Сон сосема заслужено заработи покачување на платата, сега ќе биде на исто ниво со Деле Али

Сон сосема заслужено заработи покачување на платата, сега ќе биде на исто ниво со Деле Али

Корејскиот напаѓач, Хеунг-мин Сон игра одлично во дресот на Тотенхем оваа сезона, поради што управата на тој клуб одлучи да му понуди нов договор со значително повисоки примања.

Сон на 32 натпревари постигна 16 гола и девет пати беше асистен, а во отсуство на Али и Кејн во последно време сам му носи триумф на Тотенхем. Тоа го забележи и сопственикот на Тотенхем, па му понуди продолжување на соработката и зголемување на неделните приходи од 110,000 на 150,000 фунти. На годишно ниво тоа би требало да биде нешто помалку од 9 милиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со тоа Сон ќе биде на исто ниво со Али според примањата, а пред нив е само Кејн со неделна плата од 200,000 фунти. Интересно, 26-годишниот фудбалер во јули потпиша договор со лондонскиот клуб до 2023. година, па забелешка е тоа што Тотенхем нема потреба да му понуди продолжување на соработката. Сепак, Сон игра одлично и во целост ја заслужи наградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Заврши сагата со Мато!

Според најновите информации што пристигнуваат од Шкотска, Вардар и Хартс постигнале соглас…