Дома Фудбал Англија Солскјер: Се надевам дека Рашфорд во иднина повеќе ќе ги слуша моите совети

Солскјер: Се надевам дека Рашфорд во иднина повеќе ќе ги слуша моите совети

Тимот на Манчестер Јунајтед изминатиот викенд на гостински терен го совлада Лестер со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот погодок на натпреварот беше дело на напаѓачот Маркус Рашфорд. На Солскјер му оди одлично на клупата на Јуанјтед и „ѓаволите“ не знаат за пораз откако Норвежанецот седна на клупата.

Едни од фудбалерите кои најмногу се истакнуваат под негово водство сигурно се Пол Погба и Маркус Рашфрод.

Во последниот натпревар токму нивната врска ги озезбеди новите три бода за клубот од „Олд Трафорд“ – Погба беше асистент, Рашфорд егзектур.

Меѓутоа Солскјер откри дека Рашфорд не ги слушал неговите совети.

„Му кажав да шутира повеќе низ нозете на Шмајхел бидејќи забележав дека често пати остава простор. Меѓутоа постигна погодок, па ги игнорираше моите совети. Секако дека не можам да му замерам, но се надевам дека во иднина малку повеќе ќе слуша. Сите тука имаме иста цел, а тоа е да бидеме подобри и да победуваме“, изјави Солскјер.

https://www.youtube.com/watch?v=fkjiCxSXRV8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлајбеговиќ прави трансфер од 25 милиони евра во Италија?

Аталанта е на чекор од потпишување договор со крилниот напаѓач Керим Алјабеговиќ од Баер Л…