Дома Фудбал Англија Солскјер: Роналдо има позитивен ефект на останатите, повеќе нема место за криење

Солскјер: Роналдо има позитивен ефект на останатите, повеќе нема место за криење

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гинер Солкјер на пресконференцијата пред дуелот со Њукасл очекувано зборуваше за Кристиано Роналдо.

Солскјер истакна дека Роналдо има позитивен ефект кон сите во тимот кои сега немаат простор да не даваат 100% од себе на тренинзите и натпреварите.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Сите сме среќни со неговото враќање. Имаше добра претсезона и добра подготовка, па е спремен за игра. Тој живее многу дисциплинирано и е неверојатен професионалец. Знаеме што се постигна на Олд Трафорд, но сака да постигне уште повеќе“.

„Прв доаѓа на тренинзите и ќе има позитивен ефект кон целиот тим. Сега нема место некој да се крие или даде само 95% од себе си на тренинзите. Кристиано тоа го бара од себе, но и од останатите“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крос се огласи откако УЕФА ја призна големата грешка: Што сега? Можеме ли да се прогласиме за шампиони?

Европската куќа на фудбалот призна дека судиите погрешиле што не и дале пенал на Германија…