Дома Фудбал Англија Солскјер пред Ливерпул: Тие се во серија ама ние сме Манчестер Јунајтед

Солскјер пред Ливерпул: Тие се во серија ама ние сме Манчестер Јунајтед

Tренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер се појави денес на прес-конференција и ги изнесе очекувањата од натпреварот против Ливерпул кој на распоред е во недела.

„Црвените ѓаволи“ се во лоша форма и во овој момент се наоѓаат на 12-тата позиција во Премиер лигата. На гости им доаѓа првопласираниот Ливерпул кој сигурно ќе сака да ја продолжи победничката низа. Сепак, Солскјер има нешто поинаков план.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не сакам да губам, но во истовремено знам дека овој клуб ќе се врати. Долго не победивме на гости. Тоа е нешто што цело време не ми излегува од глава. Оптимистичен сум, на секој нареден натпревар гледам како нова прилика. Не чека сега натпревар против Ливерпул и овој натпревар е можност да ги свртиме работите“.

„Многу работи треба да се поклопат. Мораме да бидеме спремни и мислам дека играчите е спремни. Ливерпул направи одлична серија и изгледаат одлучно, но ние сме Манчестер Јунајтед, имаме и ние добри играчи. Поради ваквите натпревари играчите доаѓаат во големи клубови“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Манчестер јунајтед има сериозни планови за претстојното лето, барем ако им се верува на ме…