Манчестер Јунајтед вчера одигра 2:2 против Барнли.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ можат да бидат задоволни со ова реми ако се знае дека до 87-та минута имаа негатива од 0:2. До нерешен резултат стигнаа со головите на Погба во 87-та минута и Линделоф во судиското продолжение.
После натпреварот Солскјер порача дека е задоволен од освоениот бод.
„Можам да кажам дека сум среќен со овој бод со оглед на тоа во каква ситуација бевме на неколку минути пред крајот. Вчера можеби ги разочаравме навивачите, но оние кои останаа до крај на „Олд Трафорд“ ги потсетивме на препознатливите ноќи за овој клуб – Јунајтед никогаш не се откажува“, изјави Солскјер.
https://www.youtube.com/watch?v=_NqDp7_rmNo