Дома Трансфер зона Солскјер нуди 40 милиони за ѕвездата на Динамо Загреб

Солскјер нуди 40 милиони за ѕвездата на Динамо Загреб

Младите Шпанци го освоија Европското првенство за играчит од 21 година, а еден од играчите кои блесна е сигурно Дани Олмо.

Крилниот напаѓач е член на Динамо Загреб, каде пристигна од школата на Барселона во 2014 година како слободен играч.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Олмо веќе подолго време е на радарот на европските гиганти, а на Европското првенство само уште еднаш го докажа својот квалитет.

За 21-годишниот Шпанец најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед, кој е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.

Динамо Загреб знае дека во своите редови има „дијамант“, па очекува да ја направи најголемата продажба во својата историја.

До овој момент рекордот го држи Марко Пјаца кој беше продаден во Јувентус за 23 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…