Дома Фудбал Англија Солскјер: Не е случајно тоа што Јунајтед го сака Покетино!

Солскјер: Не е случајно тоа што Јунајтед го сака Покетино!

0

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер имаше само пофални зборови за работата на неговиот колега Маурисио Покетино на клупата на Тотенхем.

Солскјер на 22 декември седна на тренерската клупа на Јунајтед и таму треба да остане до крајот на сезоната, а англиските медиуми се погласни шпекулираат дека негов наследник ќе биде Маурисио Покетино.

„Не е моја работа да ги оценувам другите менаџери. Но, не е случајно што Покетино се поврзува со Манчестер Јунајтед. Покетино врши одлилна работа во Тотенхем и покажа дека е квалитетен“, изјави Солскјер.

Двата менаџери ќе ги одмерат силите на „Вембли“ во недела, а Солскјер пред мечот имаше пофални зборови и за напаѓачот Хари Кејн.

„Кејн е фантастичен голгетер, еден од најдобрите во светот. Се надевам дека нема да биде ефикасен против нас“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…