Дома Топ вести Солскјер направи список, четири засилувања пристигнуваат на „Олд Трафорд“

Солскјер направи список, четири засилувања пристигнуваат на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе добие голем буџет за засилување на тимот во летниот преоден рок.

Сопствениците на клубот, семејството Глејзер сакаат да го смират незадоволството на навивачите и се спрмени да инвестираат 200 милиони фунти ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер сака квалитетни засилувања и целиот буџет ќе го потроши на четири засилувања.

Не е тајна дека примарна цел  на Јунајтед е Џејдон Санчо, а последните информации говорат дека преговорите со Борусија Дортмунд се во напредна фаза.

Солскјер сака да донесе две засилувања во одбраната. Најголема желба е Рафаел Варан, кој се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид и може да биде продаден ова лето.

Потоа сака да ја засили десната бековска позиција со Киран Трипие од Атлетико Мадрид за да му биде конкуренција на Ван-Бисака.

Последно име на списокот е играчот на Астон Вила, Том Хијтон, кој може да пристигне на „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…