Дома Фудбал Англија Солскјер: Манчестер Јунајтед мора секогаш да оди на победа

Солскјер: Манчестер Јунајтед мора секогаш да оди на победа

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер може да биде задоволен од последната претстава на неговиот тим во ПЛ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед славеше во гости против Тотенхем, а тоа беше вкупно шеста победа за норвешкиот стручњак откако дојде во клубот. Тоа што дополнително е интересно е што стана првиот тренер на Јунајтед кој победил на првите шест деби натпревари.

После натпреварот Солскјер порача дека Јунајтед мора секогаш да победува.

„Кога сте во Манчестер Јунајтед, секогаш очекувате да победите. Не можете да победувате секогаш, но мора така да размислувате, тоа мора да биде менталитет на оваа група.“ – изјави Солскјер и додаде:

„Во првото полувреме бевме одлични, но во второто бевме под притисок. Де Геа одлично бранеше, беше неверојатен.“

Јунајтед во наредното коло игра против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед од денеска има нов голман!

Mанчестер Јунајтед од денес има нов чувар на мрежата – тоа е Карл Дарлоу. Како ПАМЕТ…