Манчестер Јунајтед после поразот од 0:2 на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите приреди сензација во реваншот против Пари Сен Жермен.
„Црвените ѓаволи“ славеа со 1:3 и така се пласираа во четвртфиналето, а бајката на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед така се продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фантастична ноќ јас само ќе ја работам својата работа до лето и ќе чекам клубот да олучи“, одговори Солскјер на прашањето за неговата иднина на „Олд Трафорд“ која после овој триумф не би требало да биде доведена во прашање.
Потоа Норвежанецот даде и коментар за натпреварот.
„Оваа ноќ мораме да ја паметиме, фантастично, ова е духот на Манчестер Јунајтед…Момците беа фатнастични. Имаме одличен однос. Само сакам да напредуваат и да имаат уште вакви ноќи“.
„Да се биде аутсајдер е необично чуство за Манчестер Јунајтед, но вечерва им годеше на момците. Многу од нив не играа до сега и беше убаво да излезат на теренот во натпревар во кој немаат што да изгубат“.
„Им кажав: Излезете на терен и покажете што знаете. Знаевме дека мораме да се браниме како никогаш до сега и да трчаме повеќе од било кога“, изјави Солскјер.
Како што споменавме после оваа победа и плсаманот во четвртфиналето никој не го доведува останувањето на Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед.