Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер има 10 победи на 11 меча, а сега во Лигата на шампиони го пречекува Пари Сент Жермен.
Норвежанецот знае дека тимовите не сакаат да гостуваат на „Олд Трафорд“ кога „црвените ѓаволи“ се во форма, а притоа ПСЖ има сериозни кадровски проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Треба да го негуваме стилот на Манчестер Јунајтед, бидејќи многу малку тимови сакаат да гостуваат на Олд Трафорд“, изјави Солскјер.
„Треба да веруваме во нашите квалитети и да ја пренесеме играта во полето на противникот. Во овој клуб секогаш динамиката во нападот била клучна. Јас располагам со одлични напаѓачи кои можат да му создадат големи проблеми на ПСЖ“, заклучи Норвежанецот.
Ole Gunnar Solskjær believes his side can "rediscover the Manchester United way" against Paris on Tuesday. ???
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) February 10, 2019