Дома Трансфер зона Солскјер го „отпиша“ Лукаку, Интер прв застана во ред

Солскјер го „отпиша“ Лукаку, Интер прв застана во ред

Без разлика на исходот на сезоната, сигурно е дека на лето ќе има големи промени на тимот во Манчестер Јунајтед.

Солкјер откако доби тригодишен договор, ќе добие и одврзани раце да креира тим по своја мерка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер дал зелено светло за продажба на Ромелу Лукаку и Манчестер Јунајтед е спремен да ги слушне понудите за белгискиот репрезентативец.

Лукаку падна во сенка на Маркус Рашфорд, Солскјер едноставно преферира друг тим на напаѓачи и планира со неговата продажба да го зголеми буџетот за доведување на крилен напаѓач.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го донесе 25-годишниот напаѓач во Милано, бидејќи во него гледа идеална замена за Икарди.

Јунајтед за Лукаку плати 85 милиони евра пред две години, а англиските медиуми тврдат дека за неговата слобода „црвените ѓаволи“ ќе бараат 70 милиони евра.

Лукаку никогаш не криел дека сака еден ден да се пресели во Серија А, но проблем може да биде фактот што „нероаѕурите“ не се спремни да платат повеќе од 60 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…