Раководството на лондонски Арсенал доби интересен совет од поранешниот англиски репрезентативец, Пол Мерсон.
Тој смета дека екипата од „Емирати“ би требало на местото на Венгер да го доведе Антонио Конте на кој му се „насмевнува“ отказ на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерсон откри и зошто мисли така.
„Доколку сум во таква позиција во моментот кога Конте ќе го напушти Челси веднаш би се фатил за телефонот. Менаџер каков што е Конте не се наоѓа често. На Арсенал му е потребен некој каков што е Конте. Не смеат да испуштат ваква шанса, големи менаџери тешко се наоѓаат“, изјави Мерсон, но не заврши тука.
Мерсон го смета Венгер за виновник за лошите резултати на клубот во последно време.
„Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола…Сите оние менуваа клубови и ги превзимаа ривалите само затоа што Венгер седеше мирно, место да се опрости. Тука се уште неколку големи менаџери како што е Макс Алегри. Сепак, сметам дека него би му било потребно време да се навикне на Англија“, верува Мерсон.