Дефанзивецот на Крис Смолинг ќе го напушти Манчестер Јунајтед по осум години.
Овој 28-годишен стопер ги договори деталите со Вулверхемптон и тој во следните денови би требало да стане член на новиот англиски прволигаш. „Волците“ имаат големи финансиски средства на располагање. Сакаат да направат тим кој ќе се бори за самиот врв, па и во следните години да ја нападнат и титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Смолинг претходните осум години го носеше дресот на клубот од „Олд Трафорд“. Настапи 289 пати за овој клуб и освои две титули во Премиер лига, ФА Куп, ЕФЛ Куп и Лига на Европа. Пред Јунајтед 28-годишниот фудбалер играше за Фулам и нисколигашот Мејдстон Јунајтед каде што и почна да игра сериозен фудбал.