Се поизвесно е дека Арон Ремзи во следните шест, седум месеци ќе ги напушти редовите на Арсенал.
Клубот одби да му понуди нова соработка, актуелната му истекува на крајот од сезоната, останува да се види дали уште во јануари ќе ја промени средината или тоа ќе го направи по истекот на договорот. „Топчиите“ уште во јануари ќе се обидат да пронајдат замена, а како што сега стојат работите тоа би можело да биде фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Имено, Андреас Переира сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“, по двата старта на почетокот на сезоната, запиша само 21 минута во Премиер лигата, не успеа да избори место кај Мурињо и 22-годишниот фудбалер ќе се обиде да го реализира трансферот уште во јануари.
Бразилецот е на цена, Арсенал покажува интерес, би можеле да го добијат многу лесно, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната, иако „Ѓаволите“ имаат опција соработката со Переира да ја продолжат на уште една година, што ќе го направи малку поскап.
Сепак, изгледа дека нема да го пуштат талентираниот играч за мала сума, Арсенал ќе се обиде да го ангажира, но ќе има и конкуренција од градскиот ривал, Челзи.