Словенија ја победи Норвешка со 28:27 во третото коло на Европското првенство во ракомет.
Словенците го совладаа еден од фаворитите и со тоа стигнаа до максимален учинок во својата група.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Големата Словенија забележа три победи во конкуренцијата против Полска, Фарските Острови и Норвешка и ќе донесе преку два бода во второто коло.
Пивотот Блаж Благотиншек постигна пет за Словенија, а особено се истакна со гол на почетокот на вториот дел.
По промашување и одбиена топка, Благотиншек се фрли во шестерецот и паѓајќи ја упати топката низ нозете на норвешкиот голман. Тоа е еден од најубавите потези на ЕП досега.
𝑨𝒍𝒘𝒂𝒚𝒔 keep your 👀 on the ball! 😄#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/qIOiN4zxJO
— EHF EURO (@EHFEURO) January 15, 2024