Јувентус игра разочарувачка сезона во Серија А, утеха може да биде освојувањето на Копа Италија, а во првенството во последното коло ќе се борат за излез во Лигата на шампионите.
Многу се пишува за промени во играчкиот кадар, Андреа Пирло веројатно заминува, а не се знае и што ќе биде со иднината на Кристиано Роналдо. Португалецот има договор со Јувентус и за следната сезона, а неговото останување многу зависи од тоа дали Јувентус ќе игра во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако Јувентус го пропушти најелитното европско натпреварување Роналдо нема да биде единствен кој ќе ја напушти екипата. Со цел да го ослободат буџетот во таква ситуација може да заминат уште Рабио, Демирал, Рамзи и Бернардески.
Федерико Киеза, Кулушевски, Де Лихт, Квардадо, Бонучи и Данило ќе останат во клубот без оглед на исходот на сезоната, јасни се изворите од Италија.
За Јувентус да се пласира во последното коло потребно е тие да ја победат Болоња, но „старата дама“ ќе чека и да не победат Милан или Наполи.