Дома Топ вести Славје на „Камп Ноу“, Барселона е нов шампион!

Славје на „Камп Ноу“, Барселона е нов шампион!

Шпанскиот фудбалски сојуз и официјално потврди дека на Барселона и ја доделува титулата шампион на Шпанија.

Фудбалерите на Барселона пред два дена се вратија на тренинзите после цели 50 дена, а на „Камп Ноу“ веќе пристигнаа одлични вести и започна славје.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради памденијата со коронавирус Федерацијата го прекина првенството во женска конкуренција, и титулата им ја додели на фудбалерките на Барселона.

Така фудбалерките на Барселона на „зелена маса“ стигнаа до својата 5-та титула бидејќи првенството беше прекинато после 21 одиграно коло.

Женскиот тим на Барселона беше прв на табелата со 19 победи и две ремија и импресивна гол разлика 86-6, па заслужено се прогласени за нови шампиони на Шпанија.

Оваа вест лошо беше дочекана во Мадрид, бидејќи тимот на Атлетико беше втор на табелата и се бореше за титулата, но имаше 9 бода заостаток зад каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола пронајде нова „машина“ за средниот ред – ќе се обиде да го ангажира со сите сили следното лето

Карлос Балеба, младиот играч за врска на Брајтон, се најде на радарот на Пеп Гвардиола и М…